fbpx

Грција прогнозира нови притисоци за решавање на името по изборите во Македонија

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, очекува нови притисоци за побрзо решавање на спорот за името по завршувањето на македонските парламентарни избори во декември.

Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Коѕиас истакна дека на преговорите треба да им се посветат само двете држави во рамки на форматот под капата на Обединетите нации и под палката на Метју Нимиц и да не се дозволи мешање од трети држави. Со тоа, Коѕиас испрати индиректна порака до меѓународната јавност и до државите кои индиректно се нудеа како посредници во спорот за името да не се вмешуваат во процесот.

– Мојата проценка е дека по изборниот процес и изборите на 11 декември, сигурно ќе има обиди за поттикнувања од многу страни за решавање на спорот за името. Како што било и досега, по изборите ова прашање ќе треба да биде тема на преговори меѓу двете министерства за надворешни работи, а не да биде оставено на трети. Секако, и со помош на посредникот Метју Нимиц – вели Коѕиас во интервјуто.

Во врска со мерките за градење доверба и за подобрувањето на климата благодарение на тие разговори, Коѕиас коментира дека останува да се види колку овие мерки ќе помогнат директно во преговорите за решавање на спорот за името. Тоа што е клучно за него е дека мерките помогнале да се подобри имиџот на Грција кај македонскиот народ и да се урне идејата и ставот дека Грција тежнее кон тоа Македонија да се распадне и да не постои како држава.

Сепак, и покрај позитивниот тон на Коѕиас за потребата за подобрување на климата меѓу Македонија и Грција, во интервјуто изненадува неговиот сатиричен тон околу името на Македонија.

– Проблемот е дека кумот на оваа држава има направено некаква грешка во врска со името на државата – вели Коѕиас за „Катимерини“.

Позицијата на Коѕиас дека не се прифаќа уставното име на нашата држава не е нешто ново, особено откако и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации истакна дека останува грчката црвена линија за име со географска одредница за севкупна употреба. Сепак, покрај интензивираната комуникација меѓу двете страни и заложбите за подобрување на односите меѓу Македонија и Грција, неговиот тон создава прашалници за тоа колку ваквите ставови може да помогнат да се создаде плодна почва за прифаќање на потенцијално заеднички прифатливо решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...