fbpx

Грција планира Идомени и Пиреја да се испразнат до Велигден

-

Грчката влада се надева дека до Велигден ќе успее да ги испразни импровизираните бегалски кампови кај Идомени и на пристаништето Пиреја. Ова го најави министерот за поморство, Теодорос Дрицас, коментирајќи дека планираат постепено празнење на пристаништето имајќи предвид дека наскоро почнува туристичката сезона во Грција, а со тоа и напливот на туристи кон грчките острови преку Пиреја.

На пристаништето денеска има 47.220 бегалци, додека во кампот во Идомени се регистрирани 11.269 бегалци. Ситуацијата во кампот останува критична, со секојдневни протести на бегалците со барања да се отвори границата. Луѓето одбиваат да си заминат од Идомени и многу мал број од нив одлучуваат да си ја пробаат среќата во некој од мигрантските центри низ земјата.

Бегалците веќе 19 дена ја блокираат пругата од Солун кон Скопје, поради што сите товарни возови се пренасочени кон Бугарија, а полека секнуваат и товарните бродови што доаѓаат кон солунското пристаниште поради информацијата дека ништо не може да се пренесе по вообичаената рута од Грција преку Македонија и потоа кон Западна Европа.

Во цела Грција има повеќе од 53.000 бегалци. Процесот на враќање на бегалците кон Турција е привремено стопиран до петок, бидејќи огромен дел од бегалците и мигрантите предвидени да бидат испратени назад имаат поднесено барања за азил и на тој начин го спречуваат процесот на реадмисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...