fbpx

Грција ќе протера двајца руски дипломати поради обиди да се поткопа Договорот за името

-

Грчката влада донела одлука да протера двајца руски дипломати и да забрани влез на двајца други, обвинувајќи ги за обиди да се вмешаат во внатрешните работи на Грција, како и да го поткопаат Договорот за името со Македонија, известува грчкиот весник „Катимерини“.

Дипломатите се товарат за обиди да се извлечат и да се протуркаат информации, како и да се поткупат грчки официјални лица. Според високи извори во грчката дипломатија, Атина бара Грција итно да ја напуштат Виктор Јаковлев и уште еден човек од амбасадата.

Наводно имало бројни координирани напори да се засили руското влијание во Грција, меѓудругото и преку активностите на Империјалното православно палестинско друштво. Имало и јасна намера на Русија да се вмеша во сензитивното прашање за Договорот меѓу Грција и Македонија и да се влијае негативно врз грчката позиција на Балканот.

Од руското Министерство за надворешни работи денеска соопштија дека соодветно ќе одговорат на протерувањето на руските дипломати.

Според весникот, преку поткуп тие се обидувале да влијаат врз некои општини, некои митрополити од Грчката православна црква, како и да стекнат поголемо влијание на Света гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...