fbpx

Грција ќе ја признае Палестина како независна држава

-

Грчкиот парламент денеска едногласно ја одобри одлуката да се признае Палестина како независна држава. Конечната одлука останува на грчката влада, која ќе треба да ги заврши сите процедури за да се направи овој историски чекор за признавање на Палестина.

Едногласната одлука дојде во присуство на лидерот на Палестина, Махмуд Абас.

Абас од вчера е во Атина и досега имаше средби со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и со претседателот, Прокопис Павлопулос, како и со претседателот на парламентот, Никос Вуцис.

Премиерот Ципрас го најави овој историски чекор вчера доцна попладне, со изјавата дека Грција планира да го замени терминот „палестинска самоуправа“ со „Палестина“ и најави засилена соработка меѓу Грција и Палестина.

Според Ципрас, со оваа соработка Грција може да одигра значајна улога како столб на стабилноста и мост за засилување на дијалогот и на соработката во регионот. Грчкиот премиер истакна дека Атина ги поддржува барањата да се запрат градбите на Западниот Брег и да се почитуваат исламските свети објекти во Ерусалим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...