fbpx

Грција ја затвори границата со Македонија – ги сели мигрантите

-

Полицијата на северот на Грција го затвори граничниот премин со Македонија и не дозволува бегалците да се доближат на повеќе од пет километри од неа, јавува „Њу Јуроп“, повикувајќи се на агенцијата „Асошиејтед прес“.
Акцијата следува поради фактот што во меѓуграничниот простор се наоѓаат стотици лица на кои им е забранет влез во Македонија, поради неисполнување на условите за добивање азил.

Грчките власти утринава ја затвориле областа и накратко ги притвориле новинарите и фотографите што се наоѓале на местото.

Повеќе од 200 припадници на грчките специјални сили се испратени во пограничниот регион кај Идомени, откако беше запрен железничкиот сообраќај од Грција кон другите европски земји.

Мигрантите три недели се заглавени во меѓуграничниот простор откако македонските власти одлучија да ги пропуштаат само бегалците што доаѓаат од завојуваните земји, како што се Сирија, Ирак и Авганистан.

Грчката полиција соопшти дека мигрантите кои се заглавени во меѓуграничната зона со автобуси ќе бидат префрлени во Атина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...