Грција изрази сочуство за жртвите од поплавите

Грција изрази сочуство до Македонија за починатите во поплавите во Скопје. Грчкото министерство за надворешни работи преку Твитер испрати порака со големо жалење и солидарност за погубната поплава во која животите ги изгубија 21 лице.

„Изразуваме жалење за ужасните вести од БЈРМ. Сочуство за семејствата на жртвите од екстремните временски услови“, се вели во постот на грчкото МНР на Твитер.