fbpx

Грција има пари уште за две недели

-

Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса, во која има доволно пари за да се исплатат плати и пензии до 8 април, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“.

Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека владата на Алексис Ципрас ќе мора да посегне по фондовите за социјално осигурување и сметките на претпријатијата што се во државна сопственост за да продолжи да исплаќа плати.

Премиерот Ципрас во петокот се обиде да ги убеди кредиторите и европски партнери дека „следните денови“ ќе достави проширени предлог-реформи во надеж дека тие ќе ја отклучат последната транша од помошта во висина од 7,2 милијарди евра.

Весникот наведува дека стравот од потенцијално катастрофални последици за Грција е „опиплив“. Ако не се постигне договор до 8 април, кризата ќе има негативно влијание врз еврото, а Грците ги очекува егзистенцијалeн кошмар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...