fbpx

Грција и еврозоната не постигнаа договор

-

Грција и нејзините партнери во еврозоната, која брои 19 члена, не постигнаа договор за предлозите на новата грчка влада за програмата за помош и за мерките за штедење.

Вонредниот состанок во Брисел е завршен еден час по полноќ, без потпишано соопштение. Новите преговори се планираат за понеделник.

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека се надева дека тогаш ќе биде постигнат договор.
Шефот на Еврогрупата, Јероен Дијселбелм, изјави дека на состанокот не станало збор за детални предлози.

– Имавме амбиција да се постигне договор за понатамошни чекори, но, за жал, не бевме во состојба да го направиме тоа – рече Дијселблем.

Ова е прв состанок на министрите за финансии на еврозоната откако левичарската СИРИЗА минатиот месец победи на изборите во Грција, ветувајќи драстично намалување на оптоварувањата наметнати на земјата со планот за помош на нејзините доверители, кој е врзан со остри мерки за штедење.

Без финансиска помош, Грција се соочува со банкрот и со можно излегување од еврозоната.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска првпат ќе се сретне со своите ЕУ-колеги на самитот во Брисел, но не се очекува лидерите на Унијата за разговараат за каков било договор за помош. Ова прашање останува да го решаваат министрите за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...