fbpx

Грција, Бугарија и Србија градат пруги за 250 км/час, ние сме среќни и со 80 км/час

-

Додека Бугарија, Србија и Грција активно работат на изградба на брзи пруги, Македонија спие. Нашата земја за неколку години би можела да има сериозен проблем со малите брзини на возовите, ако се земе предвид темпото на развој на железничката инфраструктура во соседните земји.

Грција планира годинава да ја комплетира изведбата на брзата пруга меѓу Солун и Атина, по која возовите во иднина ќе се движат со максимална брзина од 250 километри на час.

И Србија во моментов ја гради делницата меѓу Белград и границата со Унгарија, која ќе овозможи во 2023 година возовите да се движат со брзина од 200 километри на час.

Бугарија веќе гради железничка инфраструктура, по која возовите меѓу Софија и Пловдив ќе можат да развијат брзина и до 200 километри на час.

Токму бугарскиот министер за транспорт Росен Жељазков деновиве ја актуелизираше темата за брзите пруги во Македонија. Пред почетокот на првата седница на Меѓувладината комисија за економска и трговска соработка меѓу Бугарија и Македонија, тој најави дека источниот сосед ќе издвои 400 милиони евра за изградба и модернизација на пругата од Софија до македонско – бугарската граница. Министерот Жељазков најави дека возовите од Скопје до Софија во иднина би стигнале само за еден час. Ваквото „оптимистичко“ сценарио за брзината по која ќе сообраќаат возовите може да биде нарушено од реалната ситуација на терен, која вели дека Македонија во моментов гради пруга кон Деве Баир со проектирана брзина на идните возови од 120 километри на час.

Професорот Зоран Кракутовски од Градежниот факултет при УКИМ потенцира дека проектите за градење на брзи пруги над 160 километри на час треба да се координираат со соседните земји. Македонија би имала потреба од ваква железничка инфраструктура, но само доколку се воспостави соработка со соседите. „Ако се изградат такви пруги и воведат возови за големи брзини сигурно е дека и меѓународниот превоз на патници со железница ќе се зголеми“, вели тој.

За разлика од соседните земји, Македонија во моментов има пруги со проектирана брзина од максимум 120 километри на час, но само доколку редовно се врши нивен ремонт. За потребите на проектот „Вардарска долина“, во 2013 година се работеше физибилити студија, проценка на исплатливост на инвестицијата и студија за оценка на животната средина за идна двоколосечна пруга меѓу Скопје и Велес, по која возовите би се движеле со 160 километри на час. Сепак, реализацијата на една ваква брза пруга би се остварила во подалечна иднина, но само доколку се најде инвеститор за проектот „Вардарска долина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...