fbpx

Грозданова: Невакцинирани деца не треба да бидат примени во градинка или училиште

-

Поради одредени отстапки, во моментов и децата кои не се вакцинирани се примаат на училиште и во градинка, а со тоа се доведува во прашање и намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на инфективни (заразни) болести, предупредува за „Мета“ проф. д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

На законско регулирање на ова прашање, периодов работи група формирана од министерот Венко Филипче.

-Веќе се одржани работни средби на работна група, формирана од министерот за здравство, со претставници од Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Ќе се разгледуваат правните аспекти и законски одредби за вакцинација како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште. Сведоци сме дека поради одредени отстапки во моментов и децата што не се вакцинирани се примаат во училиште. Но на таков начин и со севкупниот пад на опфатот на имунизација се доведува во прашање намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на овие инфективни болести. Во тој случај и вакцинираните деца ги доведуваме во опасност, а уште повеќе оние што поради возраста или здравствената состојба, не се вакцинирани – вели Грозданова.

Препорака од работната група е во следниот период превентивни здравствени тимови да ги посетат предучилишни установи и училиштата, имајќи предвид дека најголем дел од родителите имаат прашања и дилеми во однос на вакцинацијата.

-Она што е најзагрижувачко се несигурноста, некомпетентноста и недоволната едукација на дел од здравствените работници за имунизација, што често резултира тие наместо да бидат промотори на превентивата, да бидат пропагатори на нестручни информации за имунизација. Ваквата состојба ги доведува родителите во дилема и голем дел од нив потпаѓаат под влијанието на социјалните медиуми преплавени со неточни информации за имунизацијата. Квалитетот и безбедноста на вакцините се едни од најригорозно контролираните процеси во целата фармацевтска индустрија и да не заборавиме дека им се даваат на милиони деца на светско ниво, со децении наназад. Апел од стручните лица е родителите навреме да ги вакцинираат и со тоа да заштитат своите деца, бидејќи вакцината е единствената безбедна и ефикасна мерка за спречување на епидемијата и заштита на децата од можните сериозни компликации на малите сипаници – потенцира Грозданова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....