fbpx

ГРОМ: Одлуката на Иванов ќе нанесе огромна штета врз правниот поредок

-

Граѓанската опција за Македонија денеска соопшти дека не се согласува со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да се прекинат судските процеси кои се водат против политичари.

Според ГРОМ, секој кој го прекршил законот треба да биде санкциониран, без разлика дали е член на власта или на опозицијата.

„Ако оваа одлука е донесена без консултации со политичките партии и со меѓународната заедница, истата ќе нанесе огромна штета врз правниот поредок во Република Македонија, како и врз функционирањето на правната држава. Уште повеќе, со ова сериозно ќе се разниша довербата на граѓаните на Македонија во институциите на системот и во политичките партии во целина“, стои во реакцијата на ГРОМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...