fbpx

Грчкото МНР со остра критика до Иванов за интервјуто во „То вима“

-

Грчкото министерство за надворешни работи со жестока критика одговори на обвинувањата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов кон грчката страна. Преку соопштение, во одговор на прашања на грчки новинари за интервјуто на Иванов во весникот „То вима“, потпаролот на министерството, Константинос Кутрас, го нарекува Иванов неинформиран за односите меѓу двете држави.

– Грчката влада не е надлежна дa обезбеди потребни информации до претседателот на БЈРМ. Секако, не е одговорна што тој е неинформиран за состојбата во која се наоѓаат односите меѓу двете држави – вели Кутрас во соопштението.

Во вчерашното интервју во „То вима“, Иванов остро ја критикуваше грчката влада за слаба соработка со македонската околу бегалската криза, ја нападна дека со тоа што дозволила да се формира импровизираниот бегалски камп на Идомени се поттикнале бегалците и мигрантите илегално да преминуваат кон Македонија.

Иванов беше критичен кон Грција и околу спорот за името, коментирајќи дека Грција треба да прифати дека Македонија е независна и суверена држава и дека преку еднострани, наметнати барања нема да може да се реши спорот.

Ги обвини и претходниот и сегашниот грчки претседател дека не сакаат да се сретнат со него, игнорираат и избегнуваат комуникација со него, што не може да доведе до решавање на спорот за името, ниту бегалската криза.

Ваквите реакции од двете страни, пинг-понг мечот меѓу Иванов и Павлопулос, кој во секоја пригода, исто така, ја критикува Македонија, со остри меѓусебни обвинувања, се чини дека повторно создаваат сопки во односите меѓу двете држави кои тргнаа во нагорна линија преку зачестените средби на македонскиот и на грчкиот шеф на дипломатијата, разговорите за мерките за градење доверба, посетата на група грчки новинари на Скопје, посетата на група 100 македонски студенти на Солун.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...