fbpx

Грчкото МНР организира конференција за правните аспекти на Договорот од Преспа

-

За првните аспекти на Договорот од Преспа, историската и правната позадина, за имплементацијата, името, употребата, јазикот и државјанството, ќе дискутираат професори по право, историја, меѓународни односи од атинските и солунските факултети на конференцијата организирана од научниот совет на грчкото МНР.

„Целта на конференцијата е да има глобална, трезвена и плодна научна дебата во врска со сите правни прашања што произлегуваат од овој историски договор за решавање на спорот со ПЈРМ. Дискусијата ќе има 4 сесии и се очекува да придонесе во разјаснувањето на критичните концепти и правни термини, со цел целосно да се информира јавноста“, соопштуваат од грчкото МНР.

Дискусијата ќе се одржи денес во Министерството за надворешни работи на Грција, предвидено е да трае 7 часа, а ќе заврши вечерва, со обраќање на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, кој ќе говори на тема „Оценка на Договорот од Преспа и стратешка имплементација“.

На првата сесија ќе се разговара за историската и правната позадина на договорот, втората е посветена на аспектите на договорот во однос на името и употребата, во третиот дел, професорите ќе дискутираат за прашањата поврзани со имплементацијата, а четвртата и последна сесија е посветена на договорот за решавање на спорот, државјанството и јазикот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...