fbpx

Грчките медиуми ја поздравуваат посетата на Коѕиас на Македонија

-

Посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, на Македонија, како и таа на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во Грција се оценети позитивно, како чекор напред во билатералните односи меѓу двете земји.

Грчкиот весник „Катимерини“ коментира дека средбите меѓу двете страни покажуваат одново воспоставување на постојан канал на комуникација меѓу двете земји, обид за воспоставување клима на доверба, која би можела да помогне за идни иницијативи за решавање на спорот за името.

„Иако причините за патувањата на градоначалникот и на министерот за надворешни се различни, очекувањата се исти: воспоставување постојан канал на комуникација на ниво на високи функционери во период на политичка нестабилност во БЈРМ и култивирање на атмосфера на пријателство и на добрососедство меѓу двете општества“, пишува „Катимерини“.

Според весникот, покрај добрите врски меѓу Коѕиас и Попоски, силна врска и интензивна комуникација се создава и меѓу претседателот Иванов и Бутарис. Покрај нивната комуникација за помошта за поплавите, двете страни биле во комуникација и за потенцијална посета на Иванов на Солун.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе се сретне со целиот македонски државен врв, утре во Скопје.

Коѕиас доаѓа во Скопје на покана на Попоски како гостин-говорник на работниот состаник на Амбасадорскиот совет на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. Коѕиас, кому ова е втора посета за една година, ќе има средби и со премиерот Емил Димитриев и со претседателот Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....