fbpx

Грчките бизнисмени се жалат за застојот на македонско-грчката граница поради бегалците

-

Грчката Асоцијација за извоз на Северна Грција реагира против застојот на околу стотина камиони на грчко-македонската граница. Од Асоцијацијата реагираат дека само во средата 90 камиони за извоз и 33 камиони за увоз се заглавиле на границата поради прекинот на железничката линија на граничниот премин меѓу Грција и Македонија.

Од Асоцијацијата, по писмен пат реагираа до министерот за транспорт и врски, Христос Спириѕис, и до заменик-министерот за цивилна заштита, Николаос Тоска, со барање веднаш да се најде решение и да се нормализира и да се врати во работа железничкиот сообраќај за да се дозволи непречен транспорт, извоз и увоз на потребната стока од и кон странство.

Во писмото се истакнува дека грчките извозници последниве пет дена се соочуваат со сериозни проблеми во работата, со извозот и со увозот поради затворањето на границата. Посочуваат дека по сите бројни блокади и протести на грчките патишта, сега е затворен главниот железнички пат кој ја поврзува Грција со Европа.

Асоцијацијата реагира дека компаниите чии камиони се заглавени на Идомени се принудени или да ги вратат камионите во Солун или, пак, да ја изменат рутата и да ги пренсочат кон Бугарија, рута која се смета дека е за 20 отсто поскапа од превозот преку Македонија и предизвикува дополнителни задоцнувања во испорака до клиентите.

– Неразбирлво е како во држава која се труди да излезе од криза и малкуте грчки производители и извозници се подложени на дополнителни трошоци за превоз на стоката – се вели во писмото.

Целата ситуација се оценува дека ѝ задава голем удар на грчката економија и ги влошува односите со соработниците во странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...