fbpx

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас

-

Со 127 гласа за и 153 против, парламентот на Грција вчеравечер ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.

Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата. Поради тоа веднаш претседателот на партијата и министер за одбрана, Панос Каменос, го исфрли од членство.

Расправата за иницијативата на опозициската Нова демократија траеше три дена, од четвртокот напладне, при што се опозицијата обвинуваше дека владата на Ципрас ја издала државата со тоа што дозволила во името да стои зборот Македонија, како и со тоа што признала македонска националност и македонски јазик.

Во еден момент во расправата пратеникот Јоргос Урсузидис од редовите на владејачката партија „Сириза“ испрати порака на бугарски јазик (од 4:57 во видеото) до жителите на Македонија, порачувајќи минатото да се остави зад себе, а да се гледа на иднината и на соработката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...