fbpx

Грчки славист глув за лингвистичката реалност на македонскиот јазик

-

Извесен Маркус А. Темплар, славист и долгогодишен разбивач на шифри, шифрант и советник на Армијата на САД, како и на безбедносни агенции на САД, а најпознат како советник за национална безбедност на грчката „Македонска лига“, односно организација формирана исклучиво за борба против, како што велат „пропагандата на Скопје и неговиот експанзионизам“, во подолг есеј  се обидува да го прогласи македонскиот јазик за вештачка творба создадена со грубо менување на бугарскиот јазик. Неговиот текст објавен на веб-страницата на неговата организација беше пренесен и од „Хелас Џурнал“.

Темплар го поткрепува својот став со цитати на еден лингвист, а исто така разоткрива дека по мајчина страна влече потекло од сегашна Македонија и дека првиот јазик на кој прозборувал бил мајчиниот, односно „Говорот на Битола – Прилеп“, кој тој го нарекува „еден од групата дијалекти од југоисточната лингвистичка бугарска група“.

Во неговиот текст со кој полемизира со грчката универзитетска професорка Александра Јоаниду и нејзиниот искажан став од февруари 2018 година за тоа дека станува збор за јазик „на Скопје“, а не за дијалект, Темплар многу неструктурирано и хаотично се обидува да ја поткрепи тезата дека жителите на Република Македонија зборуваат „западен бугарски дијалект“ a не јазик, притоа обвинувајќи ја професорката дека се уортачила со „скопјанските националисти“. Притоа тој вели дека одлуката за прогласување јазик е политичка, а не лингвистичка.

Не земајќи ја предвид професорката Јоаниду, која има долга академска кариера со многу трудови, како контрапункт на овие тврдења на активистот, за проверка на тврдењата на Темплар побаравме да видиме какви се ставовите на други истакнати лингвисти.

Професорот Виктор Фридман од Универзитетот на Чикаго, кој покрај тоа што е одличен познавач на македонскиот јазик, знае и проучува уште десетина други јазици, од кои некои се словенски, уште во 1975 година во вториот том на Balcanistica (страница 4 од пдф документот) тој јасно порачува:

„Дефиницијата на модерниот македонски литературен јазик не претставува проблеми, бидејќи е цврсто вкоренет во западно-централните македонски дијалекти и има воспоставена граматика, речник и правопис. Човек треба само да ги спореди овие дела со бугарските и српско-хрватските пандани за да ги уочи разликите“.

Зборувајќи малку подолу за територијата Македонија пред 19. век, Фридман вели дека словенскиот книжевен јазик од овој период е во основа Црковнословенски со сè почесто присуство на локалните дијалекти.

„Текстовите од македонските говорни области покажуваат македонски лингвистички одлики“.

Дополнително, Организацијата на обединетите нации на 3-тата конференција на Групата на експерти на ООН за географски имиња, инаку одржана од 17 август до 7 септември 1977 година во Атина, го признава македонскиот јазик како посебен јазик.

Како резултат на тоа, денес во официјалната листа на земји вклучувајќи ги и јазиците која е подготвена од Групата експерти на ОН за географски имиња (UNGEGN), земјата е наведена како „поранешна југословенска Република Македонија“ со референца „македонски“ (mk: Macedonian).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...