fbpx

Грчки европратеници: Случувањата во Македонија се доказ за недостиг од демократија во државата

-

Грчката десничарска партија Нова демократија ја искористи македонската политичка криза за да ги реафирмира нејзините позиции и да истакне во Европската унија дека во Македонија навистина има недостиг од демократија. Европратениците на Нова демократија, Марија Спираки и Манолис Кефалојанис, подвлекувајќи ги случувањата во Куманово и насилството на протестите во Скопје, упатија заедничко прашање до Европската комисија со кое бараат таа внимателно да ги анализира работите и побараа објаснување дали овие случувања ќе бидат забележани во следниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ и како сите инциденти ќе влијаат на препораката за почнување на пристапни преговори за нашата држава.

Според двајцата пратеници, актуелните случувања во државата се потврда дека македонската влада не ги почитува и исполнува основните Копенхашки критериуми и таквиот однос на владата, според нив, е причината што државата досега нема добиено датум за почнување преговори со Унијата.

„Последните случувања во Поранешната Југословенска Република Македонија, насилните антивладини протести против владата на Груевски, врз кого меѓународната заедница ја префрла одговорноста за збиднувањата, и крвавите настани во Куманово го покажуваат зголемениот недостиг од демократија во БЈРМ, како и влошена ситуација во однос на почитувањето на човековите права, основните слободи, владеењето на правото и почитта на слободата на печатот. Истовремено, овие случувања ја ставаат под знак прашалник посветеноста на владата на БЈРМ на демократските основи и вредности кои владеат и за кои се залага ЕУ“, се вели во писмото на Спираки и на Кефалојанис до комисијата.

Европратениците бараат комисијата да даде одговор на три прашања и тоа како ги оценува случувањата во Македонија и дали планира да дава препораки на сите држави-кандидати кои се вмешани во регионот за да се намали тензијата во балканскиот регион; но и дали планира овие случувања да ги забележи во следниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Спираки и Кефалојанис бараат образложување за тоа колку овие настани, кои според нив покажуваат дека Македонија има недостатоци во исполнување на политичките критериуми на ЕУ, ќе влијаат на предлогот на комисијата за одредување на датум за почеток на пристапните преговори за Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...