fbpx

Грчки државјанин бара помош да биде ослободен од заложништво во Јемен

-

Грчки државјанин бара помош од грчката влада и тврди дека е киднапиран и оти го држат како заложник во Јемен. Педесет и шестгодишниот Себоглу Адрианос преку видеоснимка, која пред неколку недели е закачена на видеосервисот „Јутуб“, апелира за помош објаснувајќи дека бил уапсен во декември и веќе 10 месеци го држат како заложник во Јемен.

– Веќе 10 месеци никој не ми помага. Ја молам грчката влада да ми помогне, сакам да се вратам во Грција кај моето семејство – вели човекот во видеоснимката, која е направена на 14 септември годинава.

Себоглу моли за помош и од грчките власти, од Саудиска Арабија и од претседателот на Јемен, објаснувајќи дека има проблеми со срце и не може веќе да издржи во ситуацијата.
Случајот, според информациите во Грција, го истражуваат грчкото министерство за надворешни работи и министерството за цивилна заштита. Педесет и шестгодишниот човек, според сведоштвото на неговите роднини за „Катимерини“, последните две години работел во компанија во Аден, во Јемен, а претходно имал своја фирма специјализирана за конструкција на бродови во Пиреја во Атина. Како што тврдат од семејството на човекот, од декември 2015 година му се губи секаква трага.
Исчезнувањето веднаш било пријавено во грчката полиција, но засега нема никаков исход од истрагата за него. Нејасни се и мотивите за неговото киднапирање, а нема информации ни кој би можел да стои зад целиот случај.

Според информациите, киднаперите немаат побарано откуп од семејството, туку од фирмата во која работи човекот во Јемен. Како што забележува „Катимерини“, семејството на киднапираниот, освен во грчката полиција, случајот го има пријавено и во амбасадата на Саудиска Арабија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...