fbpx

Грчката железница во минус поради бегалската криза

-

Бегалската криза ѝ задава голем финансиски удар на грчката железница. Веќе 10 дена железничката пруга кон Македонија не функционира, поради протестот на бегалците на пругата кај Идомени, поради што голем број комерцијални товарни возови чекаат и не можат да пренесат роба и стоки од Грција кон Европа.

Ваквиот застој создава огромна финансиска штета за железницата која секако се соочува со финансиски проблеми и голем долг, поради што е и во процес на продажба за приватизација, но и ѝ се заканува со губење на дел од клиентите кои почнуваат да бараат алтернативни начини за превоз на нивната стока за увоз и извоз преку Бугарија.

Според информациите, од македонска страна се заглавени 60-на вагони кои треба да стигнат во Грција, додека пак од грчка страна чекаат околу 200 вагони со крајна дестинација некоја од европските држави.

Грчкиот весник „Катимерини“ пренесува дека кинеската компанија „Цосцо“ (Cosco) веќе почнува да ги пренасочува возовите со роба преку Бугарија.

Големите клиенти на „Цосцо“ (Cosco), која стопанисува со пристаништето Пиреја и на грчката железница „Треинос“ (Trainose) како компаниите „Ха пе“(HP) и „Сони“ (Sony) остро реагираат на случувањата и се чини дека се на раб на трпението и спремни да се повлечат и да најдат друг начин за пренос на нивните производи кои сега од солунското и атинското пристаниште преку грчката железница се пренесуваат кон Европа.

Поврзувањето преку грчката железница важи за многу поевтино за овие компании од транспортот преку Бугарија.

Пренасочувањето на возовите наместо кон Македонија, кон Бугарија чини 5.000-10.000 евра повеќе по воз плус, а железницата мора да исплати и финансиска оштета на клиентите поради доцнењето од ден и половина.

Ова е вторпат како железницата е блокирана, по 25-дневните блокади од мигрантите на железничката линија во ноември, протести поради кои железницата изгуби 1,5 милиони евра.

Ваквите финансиски загуби само ја отежнуваат приватизацијата на компанијата, процес кој е заглавен повеќе од две години без да има изгледи дека набрзо ќе може да се заврши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...