fbpx

Грчката Национална банка ја продаде подружницата во Турција

-

Грчката Национална банка почна со распродажба на своите подружници. Првата продадена подружница е „Финансбанк“ во Турција. Грчката Национална банка на Националната банка на Катар ѝ продаде 99,81 отсто од своите акции во банката во Турција за 2,75 милијарди евра.

Катарската банка по завршувањето на продажбата ќе го исплати и долгот од околу 910 милиони долари на „Финансбанк“ кон НБГ, со што се очекува да се зголеми ликвидноста на грчката банка за околу 3,5 милијарди долари.

НБГ со овој чекор ја губи својата најголема подружница, но останува присутна во другите балкански држави како Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Романија.

Продажбата на „Финансбанк“, најголемата грчка поддружница во регионот, е дел од исполнувањето на грчката обврска кон европските кредитори за да се намали присуството на грчките банки во регионот. Кредиторите го поставија овој услов во 2013 година, со објаснување дека бидејќи грчките банки работат со државна финансиска помош од кредитите на ЕУ и на ММФ, не би требало да ги трошат овие средства за да ги финансискаат своите активности надвор од грчките граници.

– Со завршувањето на оваа трансакција, НБГ ќе биде најсилната банка на грчкиот пазар од аспект на капитал и на ликвидност. Нашата цел е да се движиме кон нова основа за воскреснување на нашите финансиски активности во Грција – истакна првиот човек на НБГ, Леонидас Фрагиадакис, во официјалното соопштение за продажбата на „Финансбанк“.

Преземањето на банката треба да заврши во рамки на првото тримесечие од 2016 година.

НБГ ја купи „Финансбанка“ во 2006 година, а нејзината работа претставуваше 72 отсто од вкупните активности на грчката Национална банка во странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...