fbpx

Грант во износ од 201.000 денари за 960 невработени со бизнис-идеја

-

На 960 невработни лица што имаат своја бизнис-идеја и сакаат да формираат сопствен бизнис, ќе им биде даден грант во износ од 201.000 денари. За реализација на овој втор циклус од Програмата за вработување, Владата обезбеди околу 84 милиони денари, со кои ќе се помогне создавањето на 400 мали компании што ќе влијаат на раздвижувањето на македонската економија и на намалување на невработеноста.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, изјави дека повеќе од 70 проценти од основаните бизниси се сè уште активни.

– Меѓу активните фирми има пораст на вработени за 39 проценти. На пример, во 15 најуспешни фирми кои имаат од 10 до 32 вработени, вкупно се вработени 250 лица – изјави Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување истакна дека за 32 најиновативни бизниси ќе се доделат 240.400 денари.

Преку Програма за самовработување, во период од 2007 до 2014 година се основани 6.775 микробизниси, односно се обезбедени 6.885 нови вработувања, 2.426 од основачите на микробизниси се жени, додека 2.070 се млади на возраст до 29 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...