fbpx

Граѓанските организации поставија рок од 10 дена за одговорност за бегството на Груевски

-

Вкупно 14 граѓански организации, меѓу кои и Фондација Отворено општество – Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска упатија втора реакција до власта, поставувајќи рок од 10 дена да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Во спротивно, порача граѓанскиот сектор, ќе се бара политичка одговорност од највисоките функционери.

„Најостро ја осудуваме неажурноста на институциите во спроведувањето на истрагите поврзани со утврдување на пропустите и одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Бараме истрагите итно да завршат, и тоа во рок од 10 дена, и да се утврди одговорност за пропустите, евентуалното непостапување или соучество. Во спротивно ќе бараме политичка одговорност на највисоките функционери. Апелираме да не се подрива ЕУ перспективата на Македонија, која зависи од владеењето на правото. Имено, поминаа повеќе од две седмици од објавувањето на нашата прва реакција. Непреземањето на никаква одговорност и покрај индициите за сериозни пропусти и непочитување на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи, ги зголемува сомнежите дека не постои волја за утврдување на вистината. Со тоа повторно влегуваме во волшебниот круг на одржување на културата на неказнивост“, порачуваат организациите.

Целиот текст на реакцијата и списокот на сите организации што ја потпишаа може да се прочитаат тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...