fbpx

Граѓанските организации до Хан: Да се формира нов судски совет и независно судско одделение

-

Граѓанските организации на средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, ги изложиле своите ставови во однос на тоа како треба да се реши политичката криза.

Претставниците на невладиниот сектор соопштија дека е неопходно да се формира независно судско одделение што ќе работи на процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но за тоа да биде изводливо, тие сметаат дека е потребно целосно да се распушти Судскиот совет и повторно да се реизбере за да се обезбеди непристрасност.

На средбата, исто така, била побарана подиректна комуникација на ЕУ, односно избегнување на еуфемизмите и директно лоцирање на одговорноста.

Граѓанските организации побарале во текот на следните преговори, доколку ги има во иднина, да бидат вклучени и тие, но не директно, како што тоа беше пренесувано во одредени медиуми, туку во процесот на надгледување, договарање и на евалуирање.

Еврокомесарот Хан на средбата ги повторил вчерашните препораки дека изборите во декември, за кои, како што рече, се исполнети условите за одржување, се добар чекор, но и дека се само почеток на процесот на решавање на кризата.

Хан порача дека е неопходно да се спроведат и реформските приоритети за да може земјата да се врати на европскиот колосек.

Еврокомесарот им се заблагодари на претставниците на граѓанските организации за нивниот придонес.

„Прв состанок во Скопје посветен на важната размена на информации со претставниците на граѓанското општество. Им заблагодарив на граѓанските организации за нивната посветеност и за важниот придонес. Ги уверив во важноста што им ја даваме на реформските приоритети“, твитна Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...