Претставници на граѓанскиот сектор може да набават софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“ која ја спроведува Фондацијата за интернет и општество„Метаморфозис“ која е партнерска организација на програмата за софтверски донации надлежна за Македонија, Косово и Албанија.
За непрофитните организации да добијат софтверска донација преку оваа платформа прво мора да се регистрираат преку линкот https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register.
Откако ќе се заврши регистрацијата, потребно е да се пополни и регистрацијата за непрофитна организација преку линкот https://www.techsoupbalkans.org/mk/civicrm/profile/create?reset=1.
Повеќе за начинот на кој може да се набават софтверските решенија може да се прочита на линкот „Како да ја добиете вашата софтверска донација преку платформата TechSoup Balkans?“