fbpx

Граѓански организации на меѓународен суд ќе ја тужат државата и Скопје за загадувањето

-

Четирите граѓански организации – Прва детска амбасада во светот– Меѓаши, „Радар“, „Зелен институт“ и ,,Новинари за човекови права” подготвуваат тужба кон државата и Град Скопје пред домашните и меѓународни судови поради загадувањето на воздухот.

Во исто време, овие четири организации покренаа петиција наречена „Нула толеранција за аерозагадувањето“.

– Ја повикавме и меѓународната заедница да помогне во борбата за живот и решавање на проблемот со загадувањето. Се обративме и до сите членови на Комитетот за правата на детето при ООН во Женева и бараме помош во разрешувањето на оваа состојба на прекршување на елементарните права на детето загрантирани и со Уставот на нашата држава и со Конвенцијата за правата на детето – право на живот – вели Драги Змијанац, претседателот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Тој информираше дека овие граѓански организации стапиле во контакт со адвокат кој прифатил бесплатно и доброволно да ги застапува. За таа цел, Меѓаши и партнерските организации ќе побараат од неколку вештаци од Македонија да изготват вештачење, за да се утврдат прецизни одговори – дали постои загадување на воздухот во Град Скопје и Македонија и доколку постои од каков вид е, од што е предизвикано и со кој интензитет.

Вештачењата треба да одговорат и доколку постои загадување на воздухот, дали истото преставува вознемирување и извор на опасност по здравјето и животот на тужителите и жители на град Скопје и Македонија, особено на децата и какви последици предизвикува, како и кои мерки, средства и начини се потребни за моментално отстранување на изворот на опасност од штета по здравјето и животот на граѓаните, а на сметка на државата и Град Скопје.

– Во процес сме на барање на вештаци кои ќе потврдат колку штетно влијае аерозагадувањето по здравјето на децата. Ги охрабруваме сите што можат да ни помогнат, да дадат свој придонес за да ги спасиме децата од високите канцерогени ПМ 10 и ПМ 2,5 честички кои директно удираат врз здравјето на децата – додава Змијанац.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...