fbpx

„Граѓаните за Македонија“ со протест в среда, во 18 часот

-

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“, в среда, во 18 часот, ќе организираат протестен марш наречен „Ука, бука, оди си Никола“, кој ќе почне пред Владата и ќе продолжи кон резиденцијата на премиерот Никола Груевски.

Од коалицијата ги повикуваат граѓаните да донесат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава за да го направат најбучниот протест досега.

„Никола Груевски, мора да ја напушти власта, затоа што девет години владее со Македонија, на криминален и насилен начин. Тоа, впрочем, недвосмислено го потврдува и експертскиот извештај на Европската комисија. Граѓаните знаат дека Никола Груевски наместо демократска и правна држава, од Македонија направи партиски вилает. Наместо независно судство, ни наметна партиска (не)правда. Наместо независни институции, создаде партиски инструменти. Наместо независни медиуми, направи партиски мегафони. Наместо социјална правда, на граѓаните им наметна партиска (не)милост. Наместо „граѓанска“ полиција создаде партиска, наместо слободен пазар, функционираат само партиски тендери, наместо квалитетно образование и култура, имаме само партиска индоктринација, а наместо слободни избори, имаме партиски фалсификат. За сите злодела, сите кои ги прекршиле законите ќе мора и кривично да одговараат“, велат од „Граѓаните за Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...