fbpx

Граѓаните сè потешко ги враќаат потрошувачките и станбените кредити

-

Кредитите наменети за потрошувачка се најзастапени во нефункционалното кредитно портфолио на банките, покажува најновата анализа на Народна банка.

Станбените кредити, пак, исто така предизвикаа пораст на учеството на нефункционални кредити наменети за набавка и за реновирање на станбен простор.

– На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити на банкарскиот систем на Македонија се поголеми за 2,5 пати во споредба со крајот на 2008 година. Истовремено, нивното учество во вкупните кредити бележи пораст од 5,9 проценти на 10 проценти. Позначителното зголемување на нефункционалните кредити во анализираниот период се поврзува со негативните ефекти од глобалната финансиска криза, кои беа особено почувствувани во домашната економија, во 2008 и во 2009 година – се вели во анализата.

Во структурата на нефункционалните кредити пласирани кај домаќинствата, најзастапени се потрошувачките кредити со 46,5 проценти, кредитите врз основа на издадени кредитни картички со 23,5 проценти и кредитите за набавка и за реновирање на станбен простор со 12,5 проценти, на кои отпаѓаат вкупно 82,5 проценти од нефункционалните кредити одобрени на секторот домаќинства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...