fbpx

Граѓаните порачаа „Скопје не е Дизниленд“!

-

Стотина граѓани денеска се собраа кај Камениот мост, во близина на локацијата каде се гради Панорамското тркало за да порачаат дека „Скопје не е Дизниленд“.

– „Скопје не е Дизниленд“ е граѓанска иницијатива од група граѓани, формирана затоа што постои отпор за сите овие згради од Скопје 2014, особено за Панорамското тркало, затоа што тоа е последната капка во чашата, во време кога, во Скопје има над 30 проценти навработеност, кога луѓето имаат 8.000 денари плата, за да не можат да се прехранат. На народот му е преку глава – вели Сања Михајловиќ од граѓанската иницијатива „Скопје не е Дизниленд“.

Од иницијативата се надеваат дека ќе има добро граѓанско собрание и оти луѓето ќе започнат дијалог што да се прави во врска со Панорамското тркало.

– Треба да разговараме како да се спасиме од овие идеолошки грозоморја, како да ги спречиме политичарите да прават контроверзни градби, кои немаат врска со интересот на граѓаните. Ова мора да престане, затоа што Скопје не е Дизниленд, овој идеолошки Дизниленд што му се случува на Скопје – додаде Михајловиќ.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...