fbpx

Граѓаните од поплавените подрачја и денеска можат да се пријават за исплата на аванс

-

Граѓаните од поплавените подрачја и денеска може во Министерството за финансии да ги пријават деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен авансот.

Владата одлучи семејствата од поплавените подрачја да добијат по 30.000 денари аванс, а вкупното авансно обесштетување ќе изнесува 2,5 милиони евра.

Од Министерството за финансии посочуваат дека сите лица кои беа евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во Скопскиот и во Тетовскиот Регион ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства, во согласност со динамиката со која податоците стигнуваат во Министерството за финансии.

Пријавувањето почна во саботата и во изминатите два дена голем број лица ги имаат доставено податоците за банките, а се прибираат исклучиво за лицата што се наоѓаат на списокот што е доставен од страна на Комисијата за проценка на штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...