fbpx

Граѓаните на протест пред Владата побараа итно справување со загадувањето

-

Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Станете за чист воздух“ протестираа пред Владата барајќи итно решавање на проблемот со енормното загадување.

Активистите и граѓаните побараа властите, кои ветија дека ќе го решат проблемот со загадувањето, да почнат да ги имплементираат ветувањата и да ги идентификуваат и казнат загадувачите.

Основачот и извршен директор на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац, порача дека ќе ги поддржуваат сите иницијативи и протести против загадувањето, вклучувајќи ја и иницијативата на мајките, в среда, на 20 декември да не ги пуштат своите деца на училиште во знак на протест поради преголемата загаденост.

– Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се завети дека се додека не се реши проблемот со загадувањето, се додека високото ниво на ПМ10 честички кои верувам дека цела зима ќе бидат над 75 микрограми по метар кубен ќе ги поддржува сите иницијативи на мајки, татковци, на здруженија кои се залагаат за да се подобри состојбата со загадувањето со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки – изјави денеска претседателот на „Меѓаши“, Драги Змијанац, додавајќи дека ќе ја поддржат секоја граѓанска непослушност, од блокирање на патишта до протести за брзо да се подобри состојбата.

Змијанац истакна дека поради загадувањето, Детската болница за белодробни заболувања е преполна со заболени деца и оти веќе се прават обиди за создавање услови за примање и на поголем број на пациенти. Токму поради ваквата состојба тие ќе се обратат и до меѓународните институции да помогнат во справување на проблемот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...