fbpx

Граѓаните на Карпош 4 со писмо бараат да се запре усвојувањето на ДУП-от

-

Неформална група граѓани од Карпош 4 испрати писмо до советниците на Општина Карпош и до градоначаникот, Стевчо Јакимовски, со барање за запирање на усвојувањето на деталниот урбанистички план за Карпош 4.

„Сметаме дека со овој ДУП се нарушуваат начелата загарантирани во Законот за просторно и урбанистичко планирање и тоа: рамномерниот просторен развој; рационално уредување и користење на просторот; услови за хумано живеење и работа на граѓаните; оддржлив развој и заштита и унапредување на животната средина и природата. Процесот на донесување на овој ДУП е крајно нетранспарентен, неетички и спротивен на интересите на граѓаните“, стои во писмото.

Во писмото се вели Општината брутално го отфрлила барањето за организирање собир на граѓани, што, според граѓаните на Карпош 4, укажува на тоа дека интересите на Општината се спротивни на интересите на жителите.

„За граѓанската иницијатива беа собрани 2.607 потписи, но не го постигна потребниот број. Но, за свикување на собирот на граѓани доставивме трипати повеќе потписи од потребното т.е. 2.425 што претставува повеќе од 30 проценти од гласачкото тело на Карпош 4, но и покрај оваа бројка, правото ни беше ускратено од градоначалникот со образложение со кое несоодветно и субјективно се толкува законот“, велат граѓаните во писмото.

Граѓаните на Карпош 4 со помош на УСАИД изработиле студија за оправданоста на деталниот урбанистички план на Карпош 4, со која ја докажуваат штетноста од донесување на овој предлог-план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...