fbpx

Граѓаните ќе можат да купат осигурување преку терминалите „пејнет“

-

Граѓаните ќе можат да купат осигурување преку терминалите на „Пејнет Македонија“ (PayNet). Осигурувањето може да се уплати преку овие терминали во готовина, но и со опција за безготовинско плаќање. Во двата случаи корисниците нема да бидат оптоварени со дополнителни провизии.

На терминалите на „Пејнет Македонија“ ќе биде истакнато логото на „Евроинс осигурување“, со што ќе биде означено дека услугата е достапна и оперативна.

„Евроинс осигурување е првата осигурителна компанија во Македонија што воведе можност за уплата на осигурување преку терминали за наплата, во случајов преку мрежата на терминали на „Пејнет Македонија“.

„Пејнет“ е глобално прифатен, безбеден и современ систем за брза и ефикасна наплата на сметки преку платежен терминал. Мрежата на терминали на „Пејнет Македонија“ веќе е инсталирана во централните градски подрачја во Скопје и системот функционира 24 часа дневно, 365 дена во годината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...