fbpx

Граѓаните и по четири месеци бараат правда за Тамара и оставка од Тодоров

-

„Оставка“, „Убијци“ и „Оди си Тодоров“ извикуваа денеска демонстрантите, кои и по четири месеци бараат правда и одговорност за смртта на малата Тамара Димовска, која почина чекајќи ФЗОМ да одобри пари за нејзиното лекување во странство.

Демонстрантите во организација на граѓанското движење „Протестирам“, се собраа во 18 часот на булеварот Свети Климент Охридски и маршираа до Министерството за здравство.

– Тажни се последните два протести затоа што се за загубени два млади живота. Тамара не смее да се заборави. Во законите мора да се воведе член кој ќе биде нарекуван „Членот на Тамара“. Да не се остави пациентите да бидат „папирологија“ и бирократија. Никола Тодоров вети дека ќе се дадат пари за Тамара, нешто што не е негова надлежност. Да не излажеше тој, парите за Тамара ќе беа собрани и таа ќе можеше да се оперира. Затоа маршираме и бараме оставка од Тодоров и правда за Тамара. Особено затоа што се шпекулира дека Тодоров ќе биде дел од новата преодна влада – рече Огнен Јанески.

На приодот пред Министерството за здравство беа наредени неколку полицајци, кои не им дозволија на граѓаните да се доближат до влезот. На присутните им се обрати мајката на Тамара, која се заблагодари за поддршката во нејзината борба за правда.

– Дојдени сме да бараме правда за мојата ќерка и за да не се случуваат повеќе такви работи, да нема повеќе деца како мојата Тамара. Да нема повеќе мајки кои одат со црни шамии и со свеќи во рацете. За жал, во оваа држава нема правда, но се надевам дека со ваша поддршка ќе ја најдеме и правдата и одговорноста за она што се случи со Тамара – рече Жаклина Димовска.

Протестот заврши со извици „Правда за Тамара“ и со едноминутен молк.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...