Градските автобуси од утре може да задоцнуваат на „Партизанска“


       
Скопје, 13 август, 2018 - 16:48 (META) 

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека од утре до 3 септември, е можно да доцнат градските автобуси поради зафат на булеварот „Партизански Одреди“.

Во овој период ќе се вршат геодетски мерења и дупчења на потегот на булеварот од раскрсницата со булеварот 8 Септември до мостот Обединети нации, што може да го попречува нормалното движење, па поради тоа ќе има мали доцнења, иако возниот ред нема да претрпи измени, велат од ЈСП.