fbpx

Градот Скопје два пати ги проверил големите загадувачи и им пишал четири казни

-

Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје, информираат од таму.

– Во месец декември овластените инспектори за животна средина на Град Скопје, извршија вонредни контролни мерења на четири инсталации што подлежат на Б–интегрирана дозвола, како и на четири субјекти што подлежат на Eлаборат за заштита на животната средина. При вонредните контроли на овластените инспектори за животна средина со овластена лабораторија досега е утврдено пречекорување на граничните вредности кај четири инсталации кои се под надлежност на Град Скопје и истите ќе бидат санкционирани согласно со Законот за заштита на животната средина – одговори градоначалникот Петре Шилегов на вчерашната седница за советнички прашања.

Од Град Скопје велат дека секторот Инспекторат вовел и сменско работење (дежурства) кое започнува од 6 часот наутро, како и после полноќ, се до раните утрински часови, како и за време на викендите, сé со цел попрецизно и пореално да се утврди можното загадување на амбиенталниот воздух.

„Исто така, контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје, но и другите поголеми градилиштa во другите општини, како и на територијата на Општина Аеродром каде што се сконцетрирани поголемиот број од градилиштата. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се осум казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите кои излегуваат од градилиштата со церади. Во периодот октомври-февруари кога има зголемено загадување на воздухот на територијата на Град Скопје се врши секојдневна контрола на градилиштата“, се додава во соопштението.

Од Град Скопје информираат дека бројот на изречени казни изминативе четири месеци, во однос на истиот период 2017 година е речиси двојно зголемен.

„Направена е координација со општинските инспекторати за зајакнување на контролата и координацијата помеѓу градските и општинските комунални редари. Во координирана акција со МВР, пазарната инспекција и Општината Чаир континуирано се спроведува дежурство на Бит-пазар секој работен ден и викенди од 8.00 до 14.30 часот од каде што се отстранети дивите продавачи од булеварот пред пазарот и пред дуќаните. Воведена е втора смена на комунални редари заедно со комунален инспектор на ул. Македонија и плоштад Македонија. Во координирана акција заедно со Еко патрола од комунална хигиена е спроведено дежурство од 8.30 до 15.30 часот на најкритичните точки низ сите општини на Градот Скопје. Исто така, во кординирана акција беше спроведено викенд дежурство на комуналните редари на Град Скопје на Вардариште, и во Градскиот парк на повеќе локации каде што граѓаните беа првично опоменувани, а некои и казнети за сторен прекршок по законот за јавна чистота“, информираат од Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...