fbpx

Градот шест месеци плаќа кирија за скелето на СУГС „Цветан Димов“ што не се користи

-

Град Скопје сега веќе еден месец не одговора на прашањето на „Порталб.мк“ во врска со плаќањето на скелето што е поставено за реконструкција на фасадата на средното училиште „Цветан Димов“ во општина Чаир. За скелето се плаќа шест месеци, а работата не е започната.

„Порталб.мк“ на 12 февруари испратил имејл до портпаролот Валон Салиху и до официјалната имејл адреса на Одделението за односи со јавноста на Град Скопје, но сè уште нема добиено одговор.

Иако скелето е поставено од октомври минатата година, досега ниту еден работник не почнал да работи на фасадата, со што веќе шест месеци се фрлаат пари на рента на скелето, пишува новинскиот сајт. Тоа го потврдува и директорот на училиштето, Висар Дураку, кој вели дека не знае зошто работата не е започната.

– Од октомври е поставено скелето за реновирање на фасадата, но досега не се изведени работи. Инвеститор на проектот е Градот Скопје, не знаеме каде е заглавена процедурата – вели Дураку.

Од Град Скопје за „Порталб“ неодамна рекле дека работите не се започнати поради временските услови, но не одговориле колку чини  проектот, кога ќе биде реализиран и колку се плаќа за скелето месечно и колку пари досега се фрлени поради тоа што воопшто не е почнато со работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...