fbpx

Градоначалниците од истокот со проглас против двојазичност

-

Дел од градочалниците од Југоисточниот Регион, покрај редовните точки на дневен ред на 30. седница на Советот на Источниот плански регион, која се одржува во Берово, го поставиле и „прашањето за најавеното воведување на двојазичност во јавната администрација на територијата на цела Република Македонија“, се вели во објавата на веб-страницата на Општина Берово.

Во веста се вели дека дел од градоначалниците „енергично и здружено се спротиставуваат на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат,  раководството на Социјалдемократскиот сојуз и на албанските партии“ и дека тоа би бил единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава, некој да помисли да воведе такво нешто.

„Единствени сме и ќе се заложиме на сите нивоа, ваквите предлози да не поминат на законодавно ниво“, порачуваат градоначалниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...