fbpx

Градоначалникот Талески се прошетал од Општината до Судот и уредно се пријавил

-

Битолскиот градоначаланик Владимир Талески денеска уредно се пријавил во Основиот суд во Битола со што ја испочитувал мерката за претпазливост дадена од Апелацискиот суд од Скопје по укинувањето на куќниот притвор.

Портпаролот на Основиот суд во Битола, истражната судијка Милка Бизевска, за „Мета“ потврди дека Талески дошол и се пријавил во судот.

Талески денеска првпат се појави и меѓу граѓаните. Вработени во судот велат дека тој пеш дошол до судот, заедно со вработен од неговиот кабинет, и потоа пеш се вратил до Општината.

По укинувањето на притворот пред точно една недела, Талески првпат на работа се појави во петокот, но досега немал средба со новинари, а не се појавува ниту на јавни настани.

Градоначалникот е првоосомничен во случајот „Транспортер“ на СЈО, а заедно со него уште 22 лица се осомничени за криминал со бесплатен школски превоз во Битола, тежок 360.000 евра. На Талески првпат му беше одреден притвор на 16 јуни и потоаа двапати му беше продолжуван. По укинувањето на притворот, на 20 септември, Апелацискиот суд во Скопје му одреди мерка на претпазливост, односно двапати во неделата да се јавува во Основниот суд во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...