fbpx

Градоначалникот на Боговиње не отстапува од намерата општината да управува со водоводот

-

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи вели дека локалната власт нема да се откаже од намерата да управува со водоводниот систем во Боговиње. Според него барањата на дел од жителите упатени на неколкуте протести кои се одржаа во Боговиње, со водата и понатаму да менаџира локалното население, се неосновани.

– Веќе ние како локална власт започнавме да наплаќаме за потрошената вода на повеќе семејства. Нема да дозволам и понатаму со водоводот да управуваат дел од жителите, тоа е незаконски. Тие незаконски протестираат, јас им кажувам јавно, јас не се кријам, тие немаат право да управуваат со водовдот. На ова мора да се стави крај и ќе се стави – изјави градоначалникот на Општина Боговиње Хазби Идризи.

За време на неколкуте протести изминативе 3 месеци, дел од жителите од Боговиње истакнаа дека општината сака на сила да им го земе водоводот, кои сами со нивни пари го изградиле.

Тие побараа со водоводот да управува Јавно приватно партнерство, со кое ќе менаџираат мештаните и локалната самоуправа.

Сметаат дека Општината не е способна сама да менаџира со јавни претпријатија, посочувајќи го Јавното комунално претпријатие на Општината кое е во големи долгови.

Со селскиот водовод во Боговиње управуваат неколку здруженија. Велат дека нема да отстапат од нивните барања, со водоводниот систем да менаџираат и во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...