fbpx

Градежна комора: Профитот на компаниите е од 10 до 15 проценти

-

Градежната комора при Сојузот на стопански комори ги демантира информациите од објавената анализа на консултантската компанија „Фортон Македонија“ за висината на чинењето на производната цена на квадратен метар станбен нето-простор и процентот на профитот на компаниите.

– Во формирањето на цената на становите, покрај градежните трошоци, со голем процент учествуваат локацијата, односно градежното земјиште, потоа комуналиите, трошоците за проектирање, ревизии и за надзор, приклучоците, енергетската ефикасност што најчесто е од А-класа што значително ги крева трошоците во производството и ангажираните средства на инвеститорите – изјави денеска на прес-конференција Ивица Јакимовски од Групацијата за високоградба при Градежната комора.

Според Јакимовски, произлегува дека профитот на градежните компании во оваа дејност реално е околу 10 проценти до 15 проценти, а не како што „лажно се претстави во јавноста дека профитот е за речиси 50 проценти.“

– Купувачите на станови во Скопје плаќаат нето, а добиваат бруто-површина, што значи заеднички површини, како влезови, скали, ѕидови, ходници, лифтови, кои се 30 проценти од површината на станбениот објект. Тие не се вклучени во продажната цена на становите, а станарите ги добиваат во сопственост во идеален дел со купување нето-површина – објасни Јакимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...