fbpx

Град Скопје продолжува со доделувањето субвенции за чистење оџаци

-

Град Скопје го продолжува  доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени околу 230 барања од граѓаните.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, по донесување на решенијата за усвојување на барањата од градоначалникот на Град Скопје.

Барателите на субвенција до Град Скопје треба да достават пополнето барање за надоместок. Образецот може да се земе од архивата на Град Скопје или да се обезбеди од веб-страницата на градот.

Како доказ за жителство во Скопје треба да се приложи фотокопија од лична карта или пасош, а за правните субјекти, треба да се достави тековна состојба не постара од 6 месеци.

Следно што е потребно е Потврда за исчистен оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, како и фискална сметка од фирма регистрирана за дејност чистење оџаци.

Се поднесува и фотокопија од трансакциска сметка/жиро-сметка, и сите овие документи, заедно со барањето во затворен плик се доставуваат до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 8:30 до 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...