fbpx

Град Скопје планира да потроши пет милиони евра помалку од буџетот за годинава

-

Буџетот на Град Скопје за 2018 година ќе биде намален вкупно за 346 милиони денари, информираат од Град Скопје.

На денешната седница Советот ќе одлучува за предлог за изменување на буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства.

„На денешната седница Советот ќе расправа и за дополнување на Одлуката за извршување на буџетот на Град Скопје за 2018 година, каде се воведува нов член со кој се предвидува во случај на смрт на пожарникар, кој ќе го загуби животот при вршењето или во врска со вршењето на работата, на неговото семејство му се доделува еднократен надоместок во висина на вкупниот износ од остварените плати во последните 12 месеци“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Покрај ребалансот на буџетот на Град Скопје за 2018 година, на денешната седница Советот ќе расправа за Одлуката за давање согласност за изменување и дополнување на Инвестициона програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година. Со оваа одлука се предвидува набавка на две специјални возила за собирање и транспортирање комунален смет и странично подигнување канти со смет, со капацитет од 2.200 и 3.200 литри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...