fbpx

Град Скопје ќе додели 2 милиони денари помош за настраданите во пожарот во Грција

-

Советот на Град Скопје, на втората вонредна седница, едногласно ја донесе Одлуката за давање на парична помош на настраданите во катастрофалните пожари во Грција.

Со оваа одлука, како израз на солидарност спрема настраданите во катастрофалните пожари во Грција, Градот Скопје додели помош во износ од два милиони денари, поточно парична помош во износ од милион денари и непарична помош, исто така, во износ од милион денари.

– Денеска е тажен ден за нашиот град. Денеска одбележуваме точно 55 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година, и се совпадна на овој ден кога ние треба да возвратиме на хуманоста која нашиот град ја доби од целокупната меѓународна заедница. Според последните податоци кои што се достапни во овој момент, загинати се 81 лице, а нанесена е огромна материјална штета – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Скопје стана град на солидарност и хуманост по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над илјада луѓе. Веднаш по катастрофата, целиот свет застана зад Скопје. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји собираа и донираа помош за Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...