fbpx

Град Скопје ги прска улиците со калциум магнезиум ацетат

-

Градот Скопје од вчера почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Градската администрација информира дека со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков во централното градско подрачје, како и булеварот Трета македонска бригада и булеварот Србија во Општина Аеродром.

Брзината на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот.

Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5-честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ кој е биоразградлив, не е штетен за растенијата и не е корозивен.

За реализација на овој процес, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ минатата година специјално адаптираше шест од новите возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...