fbpx

Град Скопје е подготвен да плати казна, но да не ја спроведе одлуката на РКЕ за поскапа вода

-

Подготвени сме да платиме парична казна за неспроведување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за плаќање дополнителни два денари на потрошен кубен метар вода, за одржување на пречистителните станици, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Ако го рационализираме и добро го организираме работењето на ЈП „Водовод и канализација“ ќе ги обезбедиме тие средства. Нема да се однесуваме расипнички, не ни се потребни килими од десет сантиметри во новата зграда. На граѓаните им е потребно обезбедување систем на здрава вода за пиење и систем за пречистување на отпадните води – рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.

Одржувањето на двата колекторски системи кои треба да ги преземе ЈП „Водовод и канализација“ ќе чини 100 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...