Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


       
Скопје, 9 јули, 2018 - 14:25 (META) 

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 72 денари, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е за 0,21 процент понизок.