!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


       
Скопје, 18 април, 2017 - 12:45 (META) 

Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а дизел-горивото за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,5 денари за еден литар, литар „еурoсупер БС 98“ ќе се продава за 69,5 денари, а литар „еуродизел“ за 52,5 денари.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот.