!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


       
Скопје, 26 декември, 2016 - 13:05 (META) 

Бензинот и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5 денари, а еден литар „еуродизел“ ќе чини 53,5 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,1 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.