!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


       
Скопје, 12 декември, 2016 - 15:15 (META) 

Бензинот и екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизел-горивото се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 64,50 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ за 66,50 денари, а еден литар екстралесно масло за домаќинство ќе чини 40 денари.

Новата цена на „еуродизелот“ ќе изнесува 51,50 денари за еден литар.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека новите цени на горивата се поради повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар и понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.